Сите ние, сме под континуиран и непрестан ризик, со што животот и здравјето можат да бидат загрозени до фатална состојба.
Со осигурување од последици на несреќен случај - незгода се ублажуваат економските последици од несреќните случаи на работно место и при останатите активности со кои се бави лицето, во местото на живеење и при патување, во текот на 24 часа временски и просторно неограничено.
Осигурувањето може да биде индивидуално или колективно и истото овозможува покривање на трошоци за лекување и дневен надомест во случај на незгода.
• Смрт од последици на несреќен случај
• Траен инвалидитет од последици на несреќен случај (незгода)
• Преодна неспособност за работа (дневен надомест) од последици на несреќен случај (незгода)
• Трошоци за лекување од последици на несреќен случај (незгода)
АД Осигурителна полиса Ви овозможува и осигурување од незгода на: работници, ученици и студенти, деца од претшколска возраст, членови на домаќинство, спортисти.
|