Предмет на осигурување според условите за осигурување на одговорност од дејност е законската одговорност на осигуреникот за штета настаната со смрт, повреда на телото или здравјето како и оштетување или уништување на ствари на трето лице.
Со ова осигурување се покрива одговорноста за штета која настанала важи - или од дејност на осигуреникот, од поседување ствари, од правен однос, или од одредено својство како извор на опасност, што се одбележани во полисата за осигурување, односно во понудата за осигурување.
Осигурувањето исто така се однесува и на одговорност за штета од:
• Зголемување на опасноста или проширување на осигурениот извор на опасности до кои дошло во текот на траењето на осигурувањето од дејност
• Нов извор на опасности кој се појавува кај осигуреникот по склучување на договорот за осигурување од дејноста која се извршува (осигурување од нови извори на опасност)
Специјални осигурувања за:
• Нотари
• Стечајни управители
• Брокерски друштва
• Градежни фирми и
• Модели по потреба на осигурителниот Пазар.
|