Со осигурување на одговорноста на осигуреникот за штеи причинети на трети лица, осигурувачот се обврзува да ги надомести сите износи што осигуреникот е обврзан да ги плати за штетите направени од страна на осигурениот пловен објект непосредно или посредно и тоа до осигурената сума за:
а) штети направени на некој друг пловен објецт поради судар, удар или на некој друг начин;
б) штети направени со пристанишните уреди, навозите, гатовите, кејовите, каблите или со било кој друг прицврстен или подвижен предмет на копно или по вода;
в) штети причинети со изливање или исфрлање од пловниот објект на материи штети по околинат
г) трошоци за мерките превземени по барање на осигурувачот и неговите претставници или во спогодба со нив, поради заштита од неоправдани или претерани барања на третите лица како и трошоци на разумни мерки што осигуреникотги превзел во ист правец без согласност со осигурувачот или негови претставници, ако таквата согласност благовремено не можел да ја добие;
д) побарувања за телесни оштетувања до сумата ограничена за одговорност на бродарот.
|