Со ова осигурување се осигурува законската одговорност на сопстверниокот односно корисникот на воздухоплов на комерцијални авиокомпании, сопственици, државни институции, аеродроме и итн., за штети што истиот може да ги предизвика на трети лица.
Како осигуреници може да се јават сопственици односно корисници на воздухоплови регистрирани во регистарот на Р. Македонија како и странски воздухоплови согласно одредбите од Законот за осигурување.
Осигурително покритие
АД Осигурителна Полиса Скопје е во обврска да му ги надомести на осигуреникот сите износи кои тој би бил должен по законските прописи да им ги плати на трети лица и патници во врска со сопственоста односно користење на воздухопловот, а по нивните оштетни барања во случај на:
• смрт, повреда, нарушување на здравјето како и
• уништување или оштетување на предмети на трети лица, освен од одгворност за штети на предмети што ги примил на транспорт.
Како штета што е предизвиканасо употреба на воздухоплов, се смета и штетата што на трето лице му е предизвикана со паѓање или исфрлање на предмети од воздухопловот.
|