Македонскиот осигурителен пазар е доста разновиден. Ние сме подготвени да учествуваме во него со лојално и коректно применување на Законот за супервизија на осигурувањето, како и на Правилниците донесени од Министерството за финансии на Република Македонија и другите надлежни институции.
Вршиме анализа на случувањата на пазарот на месечно, квартално и годишно ниво на Тарифите за сите поединечни видови на осигурување, како и врз база на добиените информации од нашата мрежа на соработници. |